SpaceX лансираше европски телескоп за мапирање на „темната“ вселена

0
69

Во текот на викендот, SpaceX лансираше телескоп за Европската вселенска агенција (ESA) од Кејп Канаверал во Флорида со помош на ракета Falcon 9.

Станува збор за NIR (инфрацрвен) телескоп наречен Евклид, именуван по грчкиот математичар, кој се смета за „татко на геометријата“. Овој телескоп ќе проучува како темната материја и темната енергија го обликуваат универзумот.

Покрај камерата од 600 MP што астрономите ќе ја користат за мапирање на третина од ноќното небо во следните шест години, Евклид е опремен и со NIR спектрометар и фотометар за мерење на поместувањето на галаксиите кон црвено.

Во комбинација со податоците од копнените опсерватории, оваа информација ќе им помогне на научниците да го проценат растојанието помеѓу различните галаксии. Тие се надеваат дека Евклид ќе им дозволи да утврдат дали теоријата на општата релативност на Алберт Ајнштајн е различна на космичка скала. Постои реална можност телескопот да го револуционизира разбирањето на физиката, па дури и да понуди увид во крајната судбина на универзумот.

„Ако сакаме да го разбереме универзумот во кој живееме, треба да ја откриеме природата на темната материја и темната енергија и да ја разбереме улогата што тие ја играат во обликувањето на космосот. За да одговориме на овие фундаментални прашања, Евклид ќе обезбеди најдетална мапа на екстрагалактичко небо“, рече Карлоле Мундел, директорка за наука во ESA.

 

Сега во вселената, телескопот ќе патува до втората Лагранжова точка на Сончевиот систем. Ова е истата област на вселената каде што работеше вселенскиот телескоп Џејмс Веб изминатата година. Евклид ќе патува во областа еден месец, а ќе поминат уште три месеци додека ЕСА не ги тестира своите инструменти пред да почне да испраќа податоци назад на Земјата.