Британски „Тајмс“ за Вучиќ: Тој е Ал Капоне и Вито Корлеоне во едно

0
47

„Тој е Ал Капоне и Вито Корлеоне. Вучиќ не е ни патриот, ни националист или демократ, него го интересира само неограничена, неконтролирана моќ“, рече Срѓан Миливојевиќ, претставник на опозициската Демократска партија, кој го познава Вучиќ 30 години.

Сепак, додека Вучиќ е обвинет од критичарите за уништување на српската демократија и за дослух со криминалци, истите скептици често го гледаат како единствената надеж за стабилност на Балканот. Американските и европските дипломати, кои го гледаат како единствената личност која може да ги убеди Србите да коегзистираат со поранешната покраина Косово, страдаат од неговото навредување на Западот, поттикнување српски шовинизам и ласкање на рускиот претседател Владимир Путин, пишува британски The Times.

Канал5.