Повредени мировници на ОН во Кипар при судир со турските сили

0
43

На Кипар на 18 август избувна вооружен инцидент во тампон зоната меѓу мировните сили на Обединетите нации (ОН) и безбедносните сили на кипарските Турци поради неовластени градежни работи во областа под контрола на ОН, објави мировната мисија.

Во соопштението на ОН се наведува дека нападот се случил кога мировниците на ОН го блокирале патот на работниците кои граделе пат меѓу селото Арсос, во отцепениот север од островот под окупација на Турција, и селото Пила во тампон зоната јужно од грчкиот, меѓународно признат дел на Кипар.

Селото Пила е со етнички мешано население,јавува новинската агенција Ројтерс. Инцидентот се случил во областа позната како Сектор 4, под контрола на словачкиот воен контингент.

Р.С.Е.