(ВИДЕО)Разбиена мрежа за шверц на кокаин во Шпанија, меѓу уапсените Србин и Хрват

0
33

Во заедничка акција на Европол и шпанската цивилна гарда, запленети се 700 килограми кокаин, а уапсени се хрватски државјанин и српски државјанин.

Во акцијата разбиена е криминална организација која шверцува големи количества кокаин од Јужна Америка во ЕУ преку Канарските Острови, се вели во соопштението на Европол.

Во оваа меѓународна операција, која беше клучна за следење на осомничените и запирање на нивните криминални активности, учествуваа органи на прогонот од Хрватска, Италија и Србија.

Оттогаш, органите на прогонот ги следеа активностите на екипата и заклучија дека едно од лицата, италијански државјанин, е поврзано со италијанската криминална организација „Ндрангета“, а другото, хрватски државјанин, со таканаречениот балкански картел.

Иако не вршеле никаква професионална дејност, и двајцата уживале висок животен стандард и го одржувале пловилото во одлична состојба.

Сомнителниот брод пловел непредвидливо за да покаже нормална, очекувана активност до 27 јули 2023 година, кога шпанските власти откриле необична траекторија до изолирана, оддалечена точка во Атлантскиот Океан.

https://twitter.com/i/status/1693893258978500915

Бродот ја напушти оддалечената локација на 2 август, а три дена подоцна шпанските власти извршија рација на бродот и на него открија 700 килограми кокаин.

Во меѓувреме, полицајците на терен во Шпанија уапсија осомничен од Хрватска и уште едно лице, државјанин на Србија, осомничени дека координирале акција за шверц на дрога.

При апсењето, кај осомничените биле пронајдени телефони од кои ги координирале криминалните активности.