(ВИДЕО) Искористете ја шансата за ЕУ денес, не знаеме што ќе биде утре – порака од Ескобар

0
23

„Знаеме дека денес имаме можности да ја придвижиме кандидатурата на Северна Македонија поблиску и побргу од кој било друг на Западниот Балкан. Од гледна точка на пријател, близок пријател, би сакале Северна Македонија да ја совлада оваа пречка и да почне да се дефинира себеси преку односите со трансатлантската заедница, преку нејзините односи со остатокот на светот врз основа на нејзините вредности, а не да се дефинира според Бугарија“ – вели американскиот дипломат по средбите во четвртокот и петокот во Скопје

Шефот за Западен Балкан во американскиот Стејт департмент, Габриел Ескобар, во интервјуто за „360 степени“, упати порака до политичките елити и граѓаните на земјава дека треба да се искористи актуелната шанса за придвижување во евроинтеграцискиот процес зашто утрешнината носи неизвесност.

360степени.мк