(ВИДЕО) ЦУК: Пожарот над Ајватовци е надвор од контрола

0
19

Пожарот над скопското село Ајватовци е надвор од контрола. Зафатена е голема површина од 30 хектари, а поголем дел е зимзелена шума, извести вечерва Центарот за управување со кризи.

– Поради ветрот, постои опасност пожарот да се прошири кон селото Ајватовци. Пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот да не се движи кон селото – велат од ЦУК.

Во пожарот изгоре Ајватовски рид. Утре изутрина во гаснење на пожарот ќе бидат ангажирани полициските хеликоптери и два „ер трактори“.