Во пожар изгоре автомобил паркиран во центарот на Тетово

0
55

Околу 17 часот избувнал пожар во автомобил паркиран во дворот од основното училиште „Лирија“ во Тетово. Интервенираше Територијалната противпожарна единица Тетово.

По пријавата веднаш заминавме за интервенција. Автомобилот е марка „рено“ до тетовски таблици, имаше и експлозија, возилото имаше плински уред. Огнот е целосно изгаснат, информираше Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

За време на летниот распуст Општина Тетово ги пренамени дел од училишни дворови во слободни паркиралишта.