Жена од Кавадарци си нашла картичка на земја, па ја искористила за пазарење!

0
49

ОВР Кавадaрци поднесе кривична пријава против А.Б.(25) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Пријавената, на 23.07.2023 од дворот на оштетениот во село Дреново одзела кредитна картичка која била падната на земја и истиот ден во неколку наврати ја искористила и се стекнала со противправна имотна корист.