Вучиќ рече дека Ковачевски многу жестоко реагирал на тоа што Курти го направил во Тетово

0
30

Српскиот претседател Александар Вучиќ за српските медиуми изјави дека единствено македонскиот премиер Димитар Ковачевски остро и критички зборувал против премиерот на Косово Албин Курти за време на самитот на лидерите во регионот што се одржува деновиве во Атина.

Вучиќ посочи дека на средбата во Атина премиерот Ковачевски жестоко реагирал на она што Курти го направил во Тетово. „Тој пред сите зборуваше многу остро против Курти, што изненади многумина“ – вели српскиот претседател Вучиќ.

„Многу е важно нашите функционери, дури и кога немаат намера, да бидат повнимателни, за да не излезе ништо што би можело да се искористи за да не направиме исто како Курти. Затоа синоќа имав долг разговор со Ковачевски и им се извинив на сите ако некој кажал нешто лошо за Македонија. Андреј Пенковиќ одржа многу смислен говор, што не ми е лесно да признаам. Многу сериозен, систематски и рационален пристап кон идните европски прашања“, рече Вучиќ.

Из Канал5.