Малолетник нападнат во Карпош, со остар предмет му биле нанесени повреди

0
39

Вчера во 18.00 часот во СВР Скопје, 32-годишната С.С. од Скопје пријавила дека на 21.08.2023 околу 21.30 часот на подрачје на Карпош, неколку лица физички нападнале 17-годишен малолетник на кој таа му е старател, извести МВР.

– При нападот едно од лицата со остар предмет му нанел повреди, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.