Приведен кумановец кој украл златен накит

0
54

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 15.20 часот, го лишиле од слобода С.Р.(27) од Куманово, информираа од МВР.

Тој се сомничи дека во август оваа година одзел златен накит од приватен имот на ул.„Тане Георгиевски“ во Куманово. С.Р. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото, појаснија од МВР.

Одземеното било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.