Полицијата приведе четворица крадци кои оперирале низ Куманово

0
91

Во изминативе денови, полициски службеници од СВР Куманово лишеле од слобода четворица крадци кои оперирале низ Куманово.

„Во текот на изминативе два дена, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.А,(25) Р.Р.(27), Д.Р.(30) и С.М.(27), сите од Куманово. Тие се сомничат дека извршиле 11 кражби на подрачјето на Куманово, од кои една во деловен објект и десет во приватни имоти“, информираат од МВР.

Четворицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави.