Се урна мал авион кај Белград, загина пилотот

0
44

Александар Арсиќ е сопственикот на авионот што денеска се урна во Батајница, неофицијално дознава српски „Блиц“. Како што дознаваат, во авионот, кој полетал од аеродромот „13. Мај“ во Земун Поље, бил само пилотот Александар Арсиќ, кога авионот набрзо паднал во поле со пченка.

– Полета и по 4-5 минути имаше некакви откажување. Тој не можел да го контролира леталото и удрил во блиските полиња со пченка и се запалил – наведува изворот на „Блиц“.

Според информациите, авионот паднал во близина на автопатот Нови Сад-Белград, на висина на надвозникот во Батајница, во нива. Брзата помош ја констатирала смртта на пилотот.

Како што дознаваат српските медиуми, овој човек полетал затоа што сакал да проба нешто во авионот. Наводно, во еден момент пријавил дека не му функционираат командите.

Веднаш по несреќата, хеликоптерската единица на МВР на Србија испратила дежурен хеликоптер за пребарување и леталото било лоцирано за помалку од 10 минути.

Од полињата со пченка се извиваше густ чад, а полицајците тргнаа пеш за што поскоро да дојдат до местото на настанот, бидејќи е непристапно подрачје.

Ултралесниот авион „Esqual VM-1“ за прв пат беше претставен во јули оваа година.

Го произведува фабрика во Шведска.