Прегазен велосипедист на патот Куманово-Свети Николе, возачот избегал

0
25

Несреќа се случила на патот Куманово-Свети Николе, откако вчера наутро бил прегазен 71 годишен велосипедист, а сторителот избегал. Велосипедистот бил пренесен во болница каде му била констатирана тешка повреда.

„На 24.08.2023 околу 07.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, на подрачје на Куманово, патничко моторно возило „фиат” удрило во велосипед управуван од М.Ј.(71) од Куманово и го напуштило местото. По несреќата, М.Ј. бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била констатирана тешка телесна повреда“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.