Во вооружена пресметка во Војводина убиени две момчиња

0
38

Според српските медиуми во инцидентот синоќа било убиено 19-годишно момче, а денеска починал и 20-годишник кој бил тешко ранет. Од итната помош во Нови Сад велат дека првиот повик бил примен 17 минути по полноќ во полиција, а потоа 5о-ина минути подоцна следел вториот повик, кога полицијата на местото на настанот пронашла уште едно младо момче без свест.. Првите информации од истрагата велат дека се работи за нерасчистени односи, а дел од медиумите пишуваат дека станувало збор за судир на две нарко групи..