Таравари: Најважно е да поминат уставните измени, а за избори треба консензус

0
54

За Алијанса за Албанците (АА) во моментов е најважно да поминат уставните измени, а парламентарни избори не треба да има ниту во ноември или декември, ниту во јули идната година, бидејќи редовните претседателски избори се март или во април, оценува партискиот лидер Арбен Таравари.

-За околу две недели во парламентот на пленарна седница ќе излезат уставните измени. АА имаше состанок минатата недела на централното претседателство и воопшто не дискутиравме за тоа дали остануваме или излегуваме од Влада. Битно ни е да поминат уставните промени, сѐ уште сме оптимисти дека има шанси да се случат, да се започнат уставните промени. Ако не ќе видиме како понатаму. Како ќе се одвиваат работите така и ќе одлучуваат партиските тела – изјави Таравари.

Што се однесува до парламентарните избори, неговиот став е дека не е добро да има предвремени избори во ноември или декември годинава, но истовремено, смета дека тие не би требало да се одржат ниту во јули, следната година, кога е редовниот термин. Аргументот на Таравари е дека во март или април треба да се одржат редовните претседателски избори, па одржувањето на парламентарните избори во толку кус временски период би значело само дополнителни финансиски трошоци за државата.

Из С.П.