И тетовските пензионери бараат линеарно покачување на пензиите

0
32

Група пензионери од Тетовско денеска пред објектот на Здружението на пензионери јавно го изразија револтот од ниските пензии и дадоа поддршка на барањата за зголемување на пензиите. И тие, како и пензионерите во другите градови, бараат да има промена во Законот за пензиско и инвалидско осигурување и да се зголемат пензиите линеарно за 3000 денари.