Уште една жртва од поплавите во Словенија – тело на маж пронајдено во септичка јама

0
108

Полицијата во Љубљана добила дојава дека во месноста Мост општина Коменда во септичка јама е пронајдено мртво лице.

Телото било пронајдено во неделата, нешто по 11 часот.

Според локалните портали, станува збор за маж кој наводно загинал додека ги отстранувал последиците од силните поплави.

Според досега собраните информации, мажот починал кога при изведување на работите паднал во јама со отворена шахта, а смртта не е последица на кривично дело, пишува 24ур.

Полицијата извршила увид.