Хрватите со нож го расекле фанот на АЕК, па продолжиле да го газат и удираат со палки!

0
61

Навивачот на грчки АЕК (29 години) починал од повеќе прободи со нож кои му биле нанесени во тепачката со хулиганите на Динамо Загреб, која се случи синоќа на улиците на Атина во пресрет на денешниот меч од 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите (ЛШ) помеѓу овие два тима.

Тој веднаш бил пренесен во болница, но лекарите не можеле да сторат ништо за да го спасат со оглед што му била оштетена артеријата и загубил премногу крв.

„Хулиганите од Загреб му ја пресекле артеријата на раката, поради што искрвави на лице место и му немаше спас иако беше пренесен во болница. Како да не беше тоа доволно, тие продолжија да го газат и да го удираат со безбол палки по глава додека неподвижен лежеше на асфалтот“, изјавува сведок на крвавиот настан.

Извор: http://Sport1.mk