Петровска: Сто војници најрано утре ќе заминат за Словенија

0
65

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за упатување на сто војници од различен состав во Словенија, кои ќе одговорат на потребите на словенечката Армија и на словенечката држава и тие ќе заминат најрано утре наутро, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање на одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на армиските припадници кај Карпалак.

Нагласувајќи оти оваа трагедија во Словенија изминатите денови се користела за различни на видови шпекулации, изнесувања лаги и невистини во македонската јавност дека помошта доцни Петровска вели дека не сакале да прават пи-ар маркетинг од тоа.

-Меѓутоа еве дозволете да известам како течеше.

Од првиот момент кога се случи несреќата во Словенија и поплавите стапивме во контакт и јас со мојот колега, премиерот, претседателот на државата и сите министри и ја понудивме нашата несебична поддршка.

Од нивна страна ни беше одговорено дека штом ја направат анализата за тоа што им е потребно дека ќе бидат доставени барања и тие во текот на вчерашниот ден претпладне преку механизмот за помош и поддршка во вакви кризни ситуации и на НАТО и на ЕУ беа доставени барања.

Затоа и веднаш вчера изреагиравме, претседателот на државата во координација со началникот на Генералштабот и со мене, се разбира.

Денеска на седница на Влада ќе ја донесеме одлуката за упатување на сто војници од различен состав кои ќе одговорат на потребите на словенечката Армија и на словенечката држава, рече Петровска.

Министерката вели дека војниците се подготвени да заминат уште денеска.

Во текот на попладнето заедно со началникот на Генерал-штабот ќе ги посетиме за да се увериме дека се подготвени и најрано утре наутро ќе заминат, а денеска во 12 часот на седница на Влада ќе ја донесеме и одлуката која што е формалниот дел од процедурата, вели Петровска.

Из. МИА.