ЦУК: Пожарот меѓу Богданци и Дојран делумно ставен под контрола

0
54

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов објави дека пожарот меѓу Општините Богданци и Дојран е делумно ставен под контрола. Во Гасење на пожарот учествуваат два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, и пожарникари од Дојран и Гевгелија.

-Пожарот кој околу пладне изби меѓу општините Богданци и Дојран непосредно до границата со Грција е ставен делумно под контрола. Горат уште два крака. Благодарение на одличното дејство на ер тракторите но и на локалните пожарникари од Дојран и Гевгелија спречија пожарот да се прошири кон полето. Ветрот и сувата трева,, овозможуваат брзо ширење на огнот, изјави Ангелов.

Тој рече дека пожарот избил на линијата од фронтот на Првата свестак војна.

-Досега имаше над дваесетина експлозии од гранати и куршуми со голем калибар и ја загрозува безбедноста и на пожарникарите, но и на ер тракторите, рече Ангелов.

Тој додаде дека поради тоа ер тракторите делувале од малку поголема висина.

-Ветрот е наклонет на нас и овој пат правецот го врти огнот кон изгореното и има можност пожарот да биде целосно локализиран. Доколку ветрот го смени правецот ќе имаме голем проблем, бидејќи ќе се прошири кон Дојран, изјави Ангелов.