Србинот кој се удави на Лефкада се обидел да ја спаси својата девојка од брановите

0
52

Србинот Владислав Јовичиќ (30) од Крагуевац кој во вторникот се удави на Лефкада се обидел да ја спаси својата девојка од брановите.

Како што пишуваат грчките медиуми, Јовичиќ влегол во морето за да ја спаси својата девојка од водата. Тој бил во Грција со својата девојка и двајца пријатели.  Телото е пренесено во Одделот за судска медицина во Патрас, за  да се изврши обдукција.

Пред три седмици, друг Србин почина на одмор, а неговата сопруга го извлекла телото од морето во Неос Мармарас, на Халкидики.