ЈО прегледува снимки од видео камери за вчерашното пукање во Ист Гејт

0
26

Јавното обвинителство предмалку соопшти дека издало наредба за прегледување на видео симките за вчерашното пукање во Ист Гејт.

-Во врска со настанот во ТЦ Ист гејт, во текот на денот издадени повеќе наредби со цел идентификација на сторителите. Издадена е наредба за обезбедување на снимки од видео надзор на повеќе локации во и надвор од трговскиот центар. Предмет на вештачење и проверки е и возилото кое беше пронајдено опожарено. Се преземаат и други дејствија за расчистување на настанот и мотивите, велат од ЈО.