Бензините „скокаат“ за денар, дизелот за 2,5 денари – нови цени на горивата од полноќ

0
68

Ново поскапување на бензините од полноќ. Еуросупер 95 ќе се продава за 88 денари или за еден денар поскапо, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). За еден денар скок има и кај Еуросупер 98, а 2,5 денари расте цената на еуродизелот.

Промени нема кај метанот и автоплинот чија што цена се задржува на 42,5 денари. Мазутот од ноќеска е со повисока цена од 1,15 денари, одлучи регулаторот.