(ВИДЕО) Пожар во станбена зграда во Хром

0
81

Пожар во стан во петкатна зграда во населбата Хром, пренесува ТВ Телма. Црн дим излегива од прозор на четвртиот кат. Противпожарни екипи во моментов интервенираат во негово гасење. Станарите се евакуирани од објектот.

За сега не е позната причината, увидните екипи допрва треба да утврдуваат што го предизвикало. Нема информации дали има жртви или повредени.