Закана на Стојанов до Македонците од Пустец: Пишете се Бугари или ќе ви ги одземеме бугарските пасоши

0
61

Виктор Стојанов, претседателот на бугарската фондација „Македонија“ им се закани на Македонците од Пустец дека ќе им бидат одземени бугарските пасоши, ако не се попишат како Бугари на пописот кој се спроведува во Албанија.

„До сите жители на општина Пустец, Албанија: Ако сега на пописот не се регистрирате како етнички Бугари, бугарското државјанство ќе ви биде повлечено што е можно поскоро, а доколку сте во процес – вашите процедури веднаш ќе бидат прекинати. Веќе имаме еден таков случај“, напиша на својот фејсбук профил Стојанов.