Вучиќ од Њујорк: Нема да воведуваме санкции кон Русија сè додека сме во состојба да ги издржиме притисоците

0
42

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на своето обраќање од Њујорк, каде што присуствува на седницата на Генералното собрание на ОН, изјави дека „Србија сè уште нема да воведува санкции кон Русија“ и дека очекува притисок кога е во прашање позицијата на Србија по ова прашање, јави дописникот на МИА од Белград.