Вучиќ: „Ја молам меѓународната заедница да не врши притисок врз Белград, знаат кој е виновен за ова“

0
37

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во синоќешното гостување на РТС зборуваше за состојбата во Косово, но и за други актуелни теми. Зошто токму сега се случи ситуацијата во Бањска, Вучиќ рече дека сега не може да зборува за тоа.

„Што да им кажам на Србите, кога имаат тројца убиени сонародници, ќе прашаат зошто не интервениравте, а ние да интервениравме ќе рекоа зошто изгубивте 5.000 луѓе“, вели Вучиќ.

Барам од меѓународната заедница да не врши притисок врз Белград, тие знаат кој е виновен за сето ова“, вели Вучиќ.

„Некој треба да ја води државата, да ја видиме цената, да процени која е границата до кога можеме да толерираме, додека не излеземе со она што е наше барање. Да се обидеме се да решиме мирно, да се обидеме да го решиме со дијалог, да се обидеме, некој треба да го натера Курти да формира Заедница на српски општини. Кога постои Заедница на српски општини, тогаш целата полиција на север е во српски раце, во рацете на српски полицајци. И затоа тие не сакаат. И затоа на сите ова им е добредојдено“, изјави Вучиќ.

„Што и да направам, нема добра одлука за мене. А, јас морам да ја донесам. Некој мора да ја донесе. Ќе ги бараме сите механизми и ќе се бориме. Ова сериозно ќе ги потресе, бидејќи знаат дека имаме се повеќе сознанија како се случило. И што се случило“, изјави Вучиќ.

Вучиќ наведува дека нивната цел е да се обидат да извршат притисок врз Србија формално или неформално да го признае независно Косово.

„Ќе повторам тоа што го кажав, тоа нема да се случи додека сум претседател на Републиката, и не мора да биде полн мандат, но во тој дел додека сум јас нема да се случи. И тоа треба да го знаат, се заколнав на Уставот на Србија и во евангелието и ќе се грижам за тоа, и тоа мора да го знаат луѓето во цела Србија и на Косово и Метохија“, истакна Вучиќ.

Во Србија и Република Српска вчера беше Ден на жалост поради трагичните настани на Косово.