Инцидент на Државната кардиохирургија: Поранешен директор физички го нападнал актуелниот

0
38

Според информациите на МВР, нападот го извршил вработен во Клиниката со иницијали С.Ј. Тој претходно вербално нападнал медицинска сестра, а потоа и физички се пресметал со директорот М.Ш. По инцидентот, С.Ј. ја напуштил Клиниката и самиот се пријавил во полициската станица Центар

Директорот на Државната клиниката за кардиохирургија во Скопје денеска претпладне бил физички нападнат од вработен во Јавната здравствена установа, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Инцидентот го потврдија и од Министерството за здравство од каде што велат дека за инцидентот е известена полицијата.

Според информациите на МВР, нападот го извршил вработен во Клиниката со иницијали С.Ј. Тој претходно вербално нападнал медицинска сестра, а потоа и физички се пресметал со директорот М.Ш. По инцидентот, С.Ј. ја напуштил Клиниката и самиот се пријавил во полициската станица Центар.

„Во СВР Скопје добиена е пријава за случајот. Известен е и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот“,

велат од Министерството за внатрешни работи.

Од Министерството за здравство во врска со инцидентот информираат дека со настанот е запознаен и ресорниот министер Фатмир Меџити, кој побарал совесно и професионално однесување од здравствените работници и нивна посветеност на пациентите.

360stepeni.mk