Скопјанец ги нападнал сопругата и синот, полицијата го приведе

0
47

Вчера во 14 часот полициски службеници го лишиле од слобода Г.Л.(44) од Скопје, поради тоа што во домот на подрачјето на Драчево физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга и им се заканувал со остри предмети нејзе и на нивниот син.

Тој потоа агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.