Италијански воен авион се урна за време на вежби, загина петгодишно девојче

0
51

Италијански воен авион се урнал за време на вежби во Торино, паднал врз автомобил и усмртил петгодишно девојче, додека пилотот преживеал, јавуваат италијанските медиуми.

Италијанската новинска агенција АГИ јави дека деветгодишниот брат на загинатото девојче е тешко повреден, додека родителите и пилотот не се во животна опасност.

Сите повредени се со изгореници од различен степен и се пренесени во болница.

Италијанските медиуми јавуваат дека воениот авион се урнал при полетување на аеродромот во Торино.