Во подрум од куќа најдени тела на три бебиња – мајката обвинета за убиство и инцест, уапсен нејзиниот татко, Полска е згрозена

0
44

Полицијата пронашла тела на три новороденчиња во подрум на семејна куќа во селото Черники, Полска.

Државниот обвинител во саботата потврди дека е уапсена жена (20) која е осомничена за убиство, но и за инцест. Германските медиуми јавуваат дека истрагата се води и против нејзиниот татко (54).

Во петокот вечерта полицијата пронашла мртво новороденче во село југозападно од Гдањск. По дополнително претрес на куќата, полициските службеници пронашле уште едно тело на бебе во поодмината фаза на распаѓање.

Полицијата на крајот го пронашла и третото мртво бебе, по што се огласил државниот обвинител.

Заднината на злосторството се уште е нејасна.