Научници развија извор на енергија кој би можел да овозможи живот во вселената

0
76

Научници успеаја да развијат извор на енергија кој на астронаутите може да им овозможи да живеат на Месечината подолг временски период. Програмата Artemis на НАСА има за цел да направи човечка база на Месечината до 2030нгодина, а сега Универзитетот Бангор разви нуклеарни ќелии со големина на зрно афион, кои може да се користат за производство на енергија потребна за одржувае на животот во вселената.

Професорот Симон Мидлебороу, кој работи на тој универзитет, вели дека работата била голем предизвик, но и забава. Месечината денес многумина ја гледаат како капија до Марс, меѓу другото, затоа што содржи многи вредни ресурси потребни за модерната технологија. Затоа токму Месечината може да послужи како отскочна даска за патувања на други планети.

Вселенската технолгија напредува со голема брзина, а BBC доби екслузивен пристап до лабораторија на Институтот за нуклеарна иднина. Тим од Универзитетот Бангор, кој е светски лидер во областа на горивата, работи со роаботка со партнери како што се Rolls-Royce, Вселенската агенција на Велика Британија, НАСА и американската Национална лабораторија Лос Аламос.

Професорот Мидлбороу вели дека тимот се надева оти целосно ќе го тестира нуклеарното гориво во наредните неколку месеци.На делови од Месечината температурата паѓа и до -248 степени затоа што нема атмосфера која би ја загреала површината.

Иновативност.