Ослободени 4-ца Срби осомничени за вооружениот конфликт во Бањица – немало дозволно докази

0
53

Специјалното обвинителство во Приштина денеска соопшти дека ослободило четворица осомничени за престрелката во Бањска во Звечан, поради недостиг на докази дека тие се вмешани во случајот.

„Ве информираме дека четири лица кои беа уапсени за време на акцијата на косовската полиција, во селото Бањска во општина Звечан, вчера беа ослободени од Специјалното обвинителство на Република Косово во отсуство на докази од полицијата“, соопшти Обвинителството.

Kосовскаta полиција уапси осум лица осомничени дека се поврзани со вооружениот конфликт во неделата во селото Бањска.