Петковиќ: Приштина вчерашниот настан го искористи како причина за терор на северот на Косово

0
47

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека Приштина го искористила вчерашниот настан како повод за „најгол терор на северот на Косово, каде што специјалните сили на Курти во текот на денот ги малтретирале српските цивили“ и упати сочувство до семејствата на убиените Срби и убиениот албански полицаец, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ако Кфор и Еулекс во изминатата година беа пасивни на теророт на Курти, и покрај тоа што речиси секојдневно предупредувавме дека ситуацијата може да излезе од контрола, сега е последен момент да преземат одлучни мерки за да го запрат дивеењето на албанската полиција на северот на Косово, за да завладее мир, се наведува во соопштението.

Тој апелираше до меѓународната заедница итно да преземе конкретни чекори за „воената и окупациската политика на Курти се скроти, а регионот да биде поштеден од уште едно назадување на тешко стекнатиот мир“.

-Во изминатата година од Белград постојано се испраќаа предупредувања до меѓународната заедница дека секојдневното насилство и провокации на Албин Курти кон српскиот народ на северот на Косово и Метохија може да доведат до трагедија и несогледливи последици. За жал, тоа се случи вчера, рече Петковиќ.

Тој додаде дека Курти упорно ја уништувал секоја можност за дијалог и нормализација на односите, „ се додека не се пролеа крв на северот на Косово“.