Пронајдено лавче на пат во Суботица

0
30

Младенче лав е пронајдено на 21 септември на патот Чантавир кај Суботица, како го преминува патот. Женското лавче го пронашол маж од Суботица, кој одел накај работа.

Лавчето е згрижено во Зоолошката градина во Палиќ. Се наоѓа во кафез, во карантин.

Како што изјавија за Радио Слободна Европа (РСЕ), лавчето е во многу лоша состојба.

Директорката на зоолошката градина во Палиќ, Соња Мандиќ, за РСЕ изјави дека биле информирани од Специјалната единица на Министерството за внатрешни работи на Србија за сузбивање на еколошки криминал и заштита на животната средина за подрачјето на градот Суботица дека е откриено младенче. Потоа вработените во зоолошката веднаш излегле на терен.

„Денеска искрено, единствено ни е важно да преживее“, вели Мандиќ.