Собранието донесе одлука за формирање анкетна комисија за случајот со Онкологија

0
81

Во Собранието за денеска е закажано продолжение на 125. седница, а нова точка во дневниот ред е Предлог одлуката за основање на анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, поднесен од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

По две недели откако опозицијата ја иницираше оваа комисија, конечно се утврди каков ќе биде составот. Мнозинството од шест пратеници и претседател ќе бидат од ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од ДУИ и еден од Алијанса.

Предлог имиња на пратениците кои ќе членуваат ќе бидат доставени на денешната пленарна седница.

Анкетната комисија ќе има право да предлага сведоци, експерти кои ќе даваат изјави пред пратениците во врска со случајот и во рок на еден месец треба да достават извештај до Собранието со кој ќе се утврдува политичка одговорност.