Протест на пензионерите пред Владата

0
51

Пензионери од повеќе градови од државава денеска на Меѓународниот ден на пензионерите – 20 Септември, протеститарат пред зградата на Владата.

Поради протестот затворен е за сообраќај булеварот „Илинден“. Барањата на пензионерите се линеарно зголемување на пензиите за 3.

500 денари за секој пензионер, а не процентуално согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и промена на методологијата за пресметка на пензиите.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска завчера најави дека до крајот на месецот очекува конкретни предлози во однос на пензиите, со фокус на пензионерите со ниски месечни примања, а за што изминатиот период заседаваше работната група формирана по првиот протест на пензионери во Скопје.

Извор: МИА