Спасовски за „Фокус” за случајот Oнкологија: Важно е предметот да се заврши брзо и квалитетно, а пардон нема да има за никого

0
61

Една од темите за кои министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски зборуваше во интервјуто за неделникот „Фокус” беше случајот со Клиниката за онкологија.

 

Запрашан за истрагата и обезбедените докази, Спасовски одговори: „Прво, сакам да кажам дека во однос на самата помисла за сѐ она што се случувало на Клиниката за онкологија навистина нема збор со којшто може сето тоа да се опише. Ние знаете дека направивме прибирање на електронските уреди и се преземаат низа криминалистички мерки и активности сѐ со цел да се приберат што е можно повеќе докази во овој дел. Морам да напоменам дека се работи многу интензивно на целиот овој случај за да се види што точно се правело и кои се виновниците и учесниците. Важно е поради тоа што секој криминал, па и овој мора да има име и презиме и оние кои директно учествувале ќе мора да носат сериозна одговорност. Така што, интензитетот е голем во делот на истрагата, се преземаат низа на мерки како што напоменав, се прават разговори со одредени лица кои учествувале во ова, кои можат да дадат дополнителни информации и на основа на тоа секако дека ќе ги преземеме следните чекори во овој случај, по насоки на јавниот обвинител”, рече министерот Спасовски.

Во врска со прашањето за евентуална селективност во однос на овој случај, министерот Спасовски дециден дека нема да има пардон за никого.