Ужас во Германија: Девојче било сексуално нападнато од осуммина во базен

0
51

Девојче (13) било сексуално нападнато од група од осум млади момчиња во бањата на базен во Келн.

Наводно ја опколиле во бањата, ја малтретирале и туркале, а потоа еден од нив насилно и го извадил долниот дел од костимот за капење.

Девојчето некако успеало да се ослободи и веднаш повикала спасувач, кој за сѐ ја известил полицијата.

Полицијата веднаш ги уапсила момчињата на возраст од 16 до 26 години, пренесува RTL.

Главен осомничен е 16-годишник кој на девојчето ѝ го соблекол костимот за капење.

Сите млади момчиња се идентификувани и против нив е поднесена пријава.