Малолетник ранил врсник во Куманово

0
40

Малолетник со остар предмет нанел повреди на друг малолетник во Куманово, а денеска на службен разговор во полиција го признал делото.

Вчера (19.09.2023), полициски службеници од СВР Куманово извршиле службен разговор со малолетник од Куманово. Тој се сомничи дека на 18.09.2023 на улицата „Борко Танев“ Куманово, со остар предмет му нанел повреди на друг малолетник, исто така од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Притоа, како што додаваат од полицијата, малолетникот го признал делото, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.