Ужас во Србија: Возеше во спротивен правец на автопат и предизвика судар, возилото во пламен (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

0
45

51-годишен возач загина во Србија по тешка сообраќајна несреќа која се случила на автопатот „Милош Велики“. На снимката се гледа како фиат пунто вози во спротивен правец, потоа налетува на друго возило и од сударот, пунтото се запали. Загинал возачот на Пунтото. Совозачот на загинатиот возач исто е во тешка состојба и пренесен во болница.

30-годишна жена управувала со возилото кое се движело во вистински правец и кое удрило во пунтото, и таа е пренесена во болница.

На социјалните мрежи се појави ужасната снимка од несреќата по која се гледа како пунтото веднаш почнува да гори по несреќата.