Утврден составот на Анкетната комисија во Собранието за случајот „Онкологија“

0
90

Собранието го утврди составот на анкетната комисија која ќе треба да ги истражува обвинувањата за случајот „Онкологија“, откако во медиумите беше објавен скандалот за злоупотреба на лекови од Клиниката за онкологија и нивно препродавање на црниот пазар.

Со утврдениот состав на оваа комисија, ќе раководи пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, а одлуката за избор на Мизрахи беше донесена на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на избори и именувања.

За членови на Анкетната комисија утврдени се пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – Антонио Милошоски, Гордана Сиљановска-Давкова, Иванка Василевска, Љупчо Пренџов и Петар Ристески, пратеници од СДСМ и коалицијата – Даниела Маркоска, Ненад Коциќ, Мартин Костовски и Марија Георгиевска, пратениците Арбен Зибери и Бедри Фазли од ДУИ и Ремзи Мехмеди од Алијанса за Албанците.

Овој утврден состав на Анкетната комисија пак, дополнително ќе треба да помине на пленарна седница во вторник и потоа се очекува истата да започне со работа.