Хан со порака: Соработувајте, како национален фудбалски тим!

0
36

Со порака дека Македонија е значајна за Европската унија и дека таа ќе направи се што треба да се забрза процесот, поранешниот еврокомесар за проширување, а сега за буџет и администрација Јоханес Хан, ги повика политичките сили во земјава да соработуваат зашто членството во ЕУ е тимска работа и само тогаш ќе има успех.

Треба да играте како национален фудбалски тим а не како шампионат на поединци, порача Хан. Тој е уверен дека Македонија можеби ќе стане и 28-ма членка на Унијата, но ништо од тоа ако сите не работат заеднички на таа цел.