Началникот на СВР Тетово Амир Далипи со функција во МВР, в.д началник Ивица Михајловски

0
70

Началникот на СВР Тетово Амир Далипи од утре заминува на работа во Министерството за внатрешни работи. До назначување на нов началник, како вршител на должноста ќе биде актуелниот помошник началник Ивица Михајловски.

-Началникот на Секторот за внатрешни работи Тетово, Амир Далипи, кој повеќе од пет години со успех ја извршуваше оваа функција, на негово барање, од утре заминува на друга- висока позиција во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Во изминатите пет години, покрај другото, началникот Далипи посебно внимание и посветуваше на транспарентноста и отчетноста пред јавноста за сите реализирани мерки и активности, преку отворена и конструктивна соработка со сите медиуми. До назначувањето на нов началник на СВР Тетово, должноста ќе ја врши помошникот началник во СВР Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во СВР Тетово се предвидени и други промени во функционерските места.