158 санкционирани возачи во Скопје, 14 за брзо возење

0
58

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 10 мерки за користење мобилен телефон при управување, велат од МВР

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.