24-годишно момче почина во битолската болница, примено било со многу висока температура

0
64

Причина за смртта кај 24-годишното момче од битолското село Цапари, кое вчера почина во Битолската болница е десеминирана интраваскуларна коагулација, покажа обдукцијата.

Од Битолската клиничка болница потврдуваат дека обдукцијата завршила, ден по смртта, и дека наодот покажал дека смртта кај момчето настапила заради тешка инфекција и внатрешно крварење на органите.