Претседателката на Косово: Нападнати сме, Вучиќ на Косово сака да го спроведе кримскиот модел

0
79

Претседателката на Косово Вјоса Османи ја обвини Србија и нејзиниот претседател Александар Вучиќ дека се одговорни за нападот на вооружениот одред на косовската полиција на северот на земјата минатиот викенд, истакнувајќи во интервју за „Reuters“ дека Косово е „нападнато“.

30-тина тешко вооружени Срби ја нападнале полицијата во селото Бањска на северот на Косово во неделата, по што се забарикадирале во манастир на Српската православна црква.

Во борбите загинале тројца српски напаѓачи и еден косовски полицаец. „Косово е нападнато“, рекла денеска Османи во интервју за „Reuters“. „Вооружената група едноставно спроведувала мотиви на Србија како земја и Вучиќ како лидер“, додала таа.

Претседателот на Србија, Александар Вуќиќ негира одговорност за судирот.