Фон дер Лајен денеска во Белград на средби со Вучиќ и со Брнабиќ

0
49

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе биде во посета на Белград, каде ќе има средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.

Вучиќ и Фон дер Лајен ќе имаат разговор лице в лице во Палатата Србија, а потоа и состанок со членовите на двете делегации.

Вучиќ синоќа изјави дека во текот на денот ќе разговара со претседателката на Европската комисија за сите важни прашања за Србија.