Избрана нова Влада на Црна Гора

0
67

Пратениците во црногорскиот парламент утрово ја избраа новата влада предводена од премиерот Милојко Спајиќ, по дискусијата која траеше цела ноќ и беше одбележана со остра дебата меѓу поранешниот премиер Дритан Абазовиќ и Спајиќ.

По изборот, Владата денеска ќе се одржи нова седница на која ќе се одложи пописот на граѓаните што требаше да почне утре и кој опозицијата имаше намера да го бојкотира.

Владата е поддржана од коалицијата За иднината на Црна Гора, која се состои од поранешни членови на Демократскиот фронт (ДФ).

Претходно за претседател на Собранието беше избран еден од лидерите на таа алијанса Андрија Мандиќ. За владата гласаа 46 пратеници, 19 беа против, а еден воздржан.